24фудбал

Анри не успеа во Монако ама не се откажува, сега има нов тренерски ангажман

Легендарниот француски фудбалер, Тјери Анри е именуван за нов тренер на клубот од МЛС, Монтрал Импакт.

Останато

Анри четири и пол години од својата фудбалска кариера помина во МЛС каде што играше а Њујорк Ред Булс.

Французинот сега се враќа во МЛС, но како тренер, ќе го води тимот на Монтрал Импакт со кој потпиша двегодишен договор со можност за продолжување на уште една година.

„Чест ми е што ќе бидам тренер на Монтрал Импакт и ќе се вратам во МЛС. Тоа е лига која добро ја познавам и во која имав некои многу убави моменти“, вели Анри.

„Да се биде во Квебек, во Монтреал, кој има многу мултикултурно наследство, е извонредно. Отсекогаш сум го следел клубот и сега сум тука“.

Анри откако ја заврши фудбалската кариера беше тренер во академијата на Арсенал, а потоа му беше асистент на Роберто Мартинез во селекцијата на Белгија.

Првото искуство како самостоен тренер му беше во Монако минатата сезона но доби отказ по нешто повеќе од три месеци. Со францускиот клуб имаше само четири победи од 20 натпревари.