24фудбал

Вилијан нема дилеми: Каков Меси, каков Роналдо, Роналдињо беше најдобар!

Фудбалерот на Челси нема никакви дилеми за прашањето кој е најдобриот, го посочи неговиот идол, големиот виртуоз со фудбалската топка кој имаше блескави партии во дресот на Барселона.

Останато

Во интервју за специјализираниот фудбалски портал „Гол“, фудбалерот на Челси, Вилијан не крие дека негов идол во светот на фудбалот е неговиот сонародник и екс член на Барселона, Роналдињо, за него нема дилеми околу тоа кој е најдобар.

Роналдињо беше најдобар од сите можни, подобар и од Меси, но и од Кристијано“ изјави Вилијан.

Тие постигнуваат погодоци, меѓутоа Роналдињо беше неверојатен на теренот, исто и тој постојано постигнуваше погодоци, јас сум негов голем фан, за жал се повлече порано...“ додаде Бразилецот.

Роналдињо се повлече во 2015. година, а негов последен клуб во кариерата беше Флуминенсе, најпрво од Гремио премина во тимот на ПСЖ за само пет милиони евра, по што следеше трансфер во Барселона за 30 милиони евра две години подоцна.

Бразилецот освои сешто можеше да се освои со Каталонците по што стана најдобриот фудбалер на светот во тој период, по Барселона во 2008. година следеше трансфер во Милан каде играше три сезони, меѓутоа не се врати на своето најдобро ниво.