24фудбал

Кулушевски објасни како дознал за повикот од Шведска, ги коментираше и шпекулациите со Интер

Младиот и доста талентиран фудбалер тргна со фантастични перформанси во нашиот национален состав за фудбалери до 17 години, но за жал подоцна се предомисли и се реши да настапува за Шведска, а веќе го заработи и првиот повик кај сениорите.

Италија

Несудениот македонски репрезентативец Дејан Кулушевски вели дека е сосема нормално тоа што медиумите го поврзуваат со Интер по одличниот старт во новата сезона во дресот на Парма, каде игра како позајмен од Аталанта.

19 годишниот фудбалер кој настапуваше во помладите селекции за нашата земја, а подоцна се предомисли и продолжи со Шведска, постигна два погодоци во неговите досегашни 12 настапи за Парма, а брзо го привлече вниманието кај повеќето гиганти, меѓу кои и Интер.

Доколку играм добро, сосема нормално е тоа да ме поврзуваат со другите клубови кои се заинтересирани за мене, меѓутоа не му оддавам многу значење на сето тоа“ изјави тој за „Фудболсканален“.

Имам договор со Парма, а кога ќе заврши сезоната ќе разговарам со мојот агент, како и моето семејство за да донесеме одлука која би била најдобра за мене, немам за што да размислувам во моментов, максимално сум фокусиран на Парма“ додаде Кулушевски.

Неговата одлична форма му донесе прв повик во сениорскиот национален состав на Шведска, тој неколку пати ги одби повиците од нашиот селектор Игор Ангеловски посочувајќи дека приоритет му е да игра за скандинавската репрезентација, а откри и како дознал за првиот повик.

Бев во Парма во тие моменти и останав на теренот по тренингот подолго од што треба заедно со еден мој соиграч, потоа Рикардо Каљоло излезе од соблекувалната и ми рече дека сум бил повикан“ открива Кулушевски.

Јас го прашав –За што сум повикан? Тој ми одговори во националниот тим, едноставно не можев да поверувам, влегов во соблекувалната за да проверам на мобилниот дали е тоа точно, а таму пишуваше Кулушевски“ заклучи фудбалерот кој настапуваше за нашиот национален состав за играчи до 17 години каде на пет настапи постигна шест погодоци.

Шведска утре ќе ги одмери силите со Романија, во клучниот дуел помеѓу обете селекции во битката за второто место од квалификациската група „Ф“ за Европското првенство 2020, а веќе во понеделник следи дуел со Фарските Острови.