24фудбал

Почетни состави: Македонија тргнува офанзивно против Шпанија (ФОТО)

Избраниците на Милевски тргнуваат по изненадување против фаворитот, а воедно и лидер во нашата квалификациска група каде почнавме одлично.

Македонија

Вечерва со почеток од 19,45 часот фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година гостува во Алкоркон кај Шпанија во рамките на продолжението од квалификациите за Европското првенство 2021. година.

Веќе се познати и официјалните почетни состави на обете селекции, а од тоа што можеме да го увидиме, селекторот Благоја Милевски воопшто нема да тактизира на ова гостување, па така тргнува со офанзивна формациска поставеност од 4-3-3, триото во нападот го предводат Чурлинов, Митровски и Ристовски.


Македонија во овие квалификации тргна со победа против Фарските Острови (7-1), а потоа уште една против Црна Гора (1-2), за да следи и ремито против незгодниот состав на Казахстан (1-1). 

Шпанија е прва во групата со максимални три победи од исто толку меча, а Казахстан заедно со нашата селекција се на делба на второто место со по седум бода, Македонија има меч помалку од таа селекција.