24фудбал

Суарез: Доколку Барса обезбедеше конкуренција во нападот...

Уругваецот отворено коментираше за конкуренцијата во нападот на Барселона, тој порача дека потребно е засилување и зголемување на конкуренцијата на таа позиција, за доброто на клубот, но и самите фудбалери.

Шпанија

Барселона се уште нема обезбедено наследник на Луис Суарез во нападот, иако подолг период се шпекулира со повеќе имиња во однос на таа тема која е доста актуелна кај Каталонците.

32 годишниот уругвајски напаѓач отворено порача дека ќе дојде период кога тој нема да биде во можност да ги исполни обврските на високо ниво.

Ќе дојде период кога моите години нема да овозможат да бидат на високо ниво, кое е постојано потребно во тим како Барселона“ посочи Суарез во изјавата за Уругвајски „Овацион“.

Меѓутоа, седодека можам да давам максимум од себе, јас тоа ќе го правам, меѓутоа би било подобро доколку клубот донесеше некое засилување како конкуренција во нападот“ додава Суарез.

Нема ништо чудно во тоа доколку клубот е во потрага да донесе друг напаѓач, тоа е реалноста во фудбалот, тоа ќе биде подобро и за мене, ќе постави одредени цели за мене, воедно подобро ќе биде и за клубот за зголемување на конкуренцијата во самиот состав“ заклучи Уругваецот.