Најдобрата фудбалска репрезентација на Турција по петти пат ќе игра на Европските првенства, последно нивно учество на тој турнир беше во 2016. година, со што веќе забележуваат низа од два настапи.
Категорија: Останато 14.11.2019 20:37 Прочитано: 256 пати
Турција одигра реми без погодоци во дуелот пред своја публика против Исланд, а со тоа на две кола до крајот до квалификациите, обезбеди и место на Европското првенство идната година.
Со 20 освоени бода од девет одиграни меча, Турција забележа разлика од четири бода во однос на третопласираниот Исланд, Франција секако има шанси да го преземе лидерското место во оваа конкуренција, а вечерва „Триколорите“ на домашен терен го пречекуваат составот на Молдавија, а веќе обезбедија учество со оглед на трите бода водство во однос на Исланд и големата разлика во однос на гол-разликата.
За Турција ова ќе биде петто учество на Европските првенства, тие забележаа настап и на турнирот во 2016. година, со што веќе бележат низа од две учества.