24фудбал

Роналдо негира дека има повреда: Не сум добар, туку сум многу добар!

Кристијано Роналдо конечно се огласи по контроверзијата која ја креираше против Милан, можеби кажа десетина зборови, но пораката која ја упати е јасна.

Италија

Поругалецот изминативе денови беше во фокусот поради реакцијата во неделата кога беше повлечен од игра на стартот од вториот дел против Милан. Кристијано Роналдо беше бесен, и наместо да седне на клупата се упати право во соблекувална, а не го дочека ниту последниот свиреж и пред крајот на натпреварот го напуштил стадионот и си заминал дома.

Маурицио Сари својата одлука ја правдаше со изјава дека ЦР7 не бил 100% фит и го мачела ситна повреда на коленото.

Сепак, на тренингот на Португалија нема ниту трага, ниту глас од повреда и Фернандо Сантош најави дека Кристијано Роналдо ќе игра против Литванија.

Сега на полемиката се приклучи и самиот фудбалер, кој можеби кажа само десетина зборови, но пораката која ја упати е прилично јасна. Португалските репрезентативци утрово имаа прошетка, а Кристијано Роналдо пред камерите со насмевка на лицето рече: „Пишуваат дека капитенот е добро. Не, капитенот не е добро, туку е многу добро“.