24фудбал

Македонија немоќна во Шпанија, прв пораз во квалификациите (ВИДЕО)

Македонската репрезентација до 21 година не успеа рамноправно да и парира на силната селекција на Шпанија, загубивме убедливо со 3-0.

Македонија

Во четвртиот натпревар од квалификациите, Македонија го забележа првиот пораз откако денеска загуби од фаворизираната селекција на Шпанија.

Избраниците на Боби Милевски не успеаа долго време да бидат без негатива, Шпанците преку одличен гол на Ману Гарсија поведоа со 1-0 уште во седмата минута од натпреварот. Со тој резултат заврши и првото полувреме.

Уште на стартот од вториот дел Шпанија поведе со 2-0, Македонија си постигна автогол, Агрон Руфати лошо интервенираше, топката го удри Серафимов и ја затресе нашата мрежа.

Пред крајот на мечот, во 87. минута Адриа Педроза со убав волеј го постави конечниот резултат од 3-0 за Шпанија.

Овој меч покажа дека Македонија не треба да се надева дека може да дојде до првата позиција на табелата, таму неприкосновена е Шпанија. Ние ќе се бориме преку второто место да отидеме на Европското првенство.