24фудбал

Зарем можеше да биде поинаку? Роналдо со три гола против Литванија ги запали социјалните мрежи (ФОТО)

Кристијано Роналдо ги запали социјалните мрежи откако вечерва три пати ја тресеше мрежата на Литванија, ЦР7 стигна до хет-трикот број 55 во кариерата.

ЕВРО 2020

Напаѓачот во неделата беше повлечен од игра против Милан по 55 минути со оправдание дека имал ситна повреда на коленото. Но два дена подоцна на тренингот на Португалија немаше ниту трага, ниту глас од повреда. Фернандо Сантош порача дека ЦР7 е подготвен за настап и ќе истрча против Литванија, па можеше да се предвиди дека тој ќе има што да каже на теренот.

И токму тоа се случи, Кристијано Роналдо три пати ја тресеше мрежата на противникот. Му беа потребни само 7 минути за да се запише во листата на стрелците, од пенал погоди за 1-0. За оние кои го критикуваат дека дава само голови од белата точка, или рутински завршници од пет метри, тој покажа дека знае мајсторски да реализира кога во 22. минута убаво пласираше од врвот на шеснаесетникот за 2-0.

Во 65. минута дојде третиот гол, откако имаше неуспешен обид да издрибла, топката пак заврши кај него и тој погоди за конечни 6-0.

Неговата партија ги запали социјалните мрежи, се редат постови со постигнувањата на Кристијано Роналдо. Тој сега има 98 погодока во дресот на Португалија, се ближи до јубилејниот 100-ти погодок како и рекордот на Али Деаи. Тој исто така 13 години во низа постигнува по 30+ погодока, и стана само вториот играч кому ова му пошло по легендарниот Пеле. Го забележа и хет-трикот број 55 во кариерата, повеќе од било кој друг активен фудбалер.

Секако, има и такви кои не се импресионирани и посочуваат дека Кристијано Роналдо на два меча против Литванија (шест гола) има повеќе погодоци откаколку цела оваа сезона во Серија А (пет гола).