24фудбал

Стерлинг застана во одбрана на Џо Гомез: Тешко ми е да гледам како му свиркате, тој не направи ништо погрешно, јас сум виновен

Рахим Стерлинг се јави на социјалните мрежи откако Џо Гомез беше исвиркуван на натпреварот меѓу Англија и Црна Гора.

Англија

Англија ја победи Црна Гора со 7-0 и во голем стил го завери пласманот на Европското првенство. Црна дамка на мечот беа само свирежите кои од навивачите беа упатени кон Џо Гомез.

На почетокот од подготовките Стерлинг и Џо имаа физичка пресметка. Играчот на Манчестер Сити доби суспензија од еден меч, не играше вчера, па свирежите од публиката отидоа само на адреса на Гомез.

По мечот Стерлинг застана во одбрана на Џо Гомез, рече дека играчот на Ливерпул не направил ништо погрешно за да биде исвиркуван и целата одговорност за индидентот ја презема тој.

„До сите фанови на Англија, јас сакав работите да го оставам такви какви што беа но вечерва треба повторно да кажам нешто. Тешко ми беше да гледам како мој соиграч е исвиркуван за нешто што е моја вина. Џо не направил ништо погрешно и според мене не е правилно  да биде исвиркуван некој кој ја наведнал главата и работел напорно особено по тешка недела. Јас ја преземам целосната одговорност и ги прифаќам последиците. Почувствував дека треба да го кажам ова“, напиша Стерлинг на својот твитер профил.