24фудбал

Манчестер јунајтед со „врски“ ќе дојде до потписот на Халанд!?

Норвешката сензација Ерлинг Браут Халанд е мета на речиси сите големи клубови, но некои медиуми веруваат дека Манчестер јунајтед е фаворит за неговиот потпис.

Англија

Халанд руши рекорди во Лигата на шампионите, 19-годишниот фудбалер блеска веќе некое време и го привлекува вниманието на себе.

Интересот е голем, „Кикер“ денеска пишува дека Баерн Минхен во Халанд гледа наследник на Левандовски, но медиумите од Норвешка пишуваат друго.

Тие тврдат дека Манчестер јунајтед е во пол позиција во трката по Халанд поради Оле Гунар Солшер.

Тренерот на Манчестер јунајтед не само што е сонародник со Халанд туку тој му беше и тренер во Молде.

Токму ваквата конекција му дава предност на Манчестер јунајтед пред другите ривали, но нормално тие треба да достават и задоволувачка понуда за Ред Бул Салцбург.

Но ваквата состојба може да се промени доколку Солшер заработи отказ поради лоши резултати.

Како и да е, Норвежаните тврдат дека во моментов Манчестер јунајтед е фаворит за потписот на Халанд, а како ќе биде понатаму, останува да видиме.