24фудбал

Дортмунд ја одреди цената на Џејдон Санчо, наддавањето за младата англиска ѕвезда започнува на 140 милиони евра!

Според пишувањата на Билд, Борусија Дортмунд нема да му стои на патот на Џејдон Санчо и ќе му дозволи на младиот Англичанец да замине но само за сума од најмалку 140 милиони евра.

Германија

Тинејџерот година дена блеска во дресот на „милионерите“ и со своите одлични игри го привлече вниманието на гигантите ширум Европа. Најзагреани се клубот од „островото“ како Манчестер јунајтед, Ливерпул и Манчестер Сити а интерес пројавуваат и Барса, Реал Мадрид, Јувентус и ПСЖ.

Џејдон Санчо е под договор со Борусија Дортмунд до 2022 и само прашање на време е кога тој ќе замине од Сигнал Идуна Парк.

Дејли Мејл оваа недела пренесе дека играчот одлучил да ја промени средината веќе по крајот на сезоната, а според денешното издание на Билд, „милионерите“ нема да му стојат на патот и можно е да го продадат веќе во јануари.

Но Борусија Дортмунд дебело ќе наплати, клубот го известил играчот дека очекуваат понуда од најмалку 140 милиони евра. Тие веруваат дека Џејдон Санчо е далеку поголем талент од Осман Дембеле (кого го продадоа на Барса за 105+40 милиони евр) па затоа поставиле толку висока цена.