24фудбал

Сестрите на Роналдо упатија порака до Јувентус: Не си поигрувајте со него (ФОТО)

Роналдо не ја прифати добро одлуката на Сари да го повлече од игра на последниот меч на „Старата дама“, иако одлуката на искусниот италијански фудбалски стратег се покажа како правилна на крајот, сепак, тоа не беше единствениот таков случај, а тврдењата на Сари беа чудни.

Останато

Контроверзната ситуација со Кристијано Роналдо во Јувентус во моментов е топ тема низ медиумите, станува збор за стравувањата кај шефот на стручниот штаб на „Бјанконерите“, Маурицио Сари поради наводно незалечена повреда кај Португалецот.

Откако во два меча беше повлечен од игра, а реакциите од негова страна не беа баш среќни, Сари се правдаше за своите одлуки токму поради погоре наведените причини, самиот Роналдо брзо го демантираше со изјава, а веднаш потоа и со хет-трик во дресот на Португалија во убедливата победа над Литванија со 6-0 синоќа во квалификациите за ЕП 2020.

Од медицинскиот тим на Португалија потврдија дека Роналдо не се соочува со никаква повреда, а синоќешните перформанси на првата ѕвезда на италијанскиот првак на некој начин потврдуваат дека причините кои ги наведуваше Сари не се точни.

Сестрите на Роналдо, Катја и Елма се одзваа на социјалните мрежи по блескавата партија на нивниот брат синоќа, а веројатно дека со нивните објави упатија и индиректна порака до Јувентус.

Не си поигрувајте со него“ – напиша Катја, а Елма се надоврза со саркастичен коментар на нејзината објава „А сега тој е добар“, алудирајќи на тврдењата во Јувентус дека Роналдо се соочува со незалечена повреда, а синоќа бил подготвен максимално.