24фудбал

Мхитарјан го обвини Емери како причина за заминувањето од Арсенал

30 годишниот Ерменец се пресели во тимот на Рома каде ќе настапува како позајмен до идното лето, останува дилемата дали ќе продолжи во дресот на „Римската волчица“.

Англија

Хенрих Мхитарјан тврди дека методите со кои се служи шефот на стручниот штаб на Арсенал, Унаи Емери го натерале да си замине од редовите на „Топчиите“, Ерменецот ги наведе своите напаѓачки инстикти, кои наводно биле злоупотребени од шпанскиот тренер.

Како за потсетување, Ерменецот си замина од Манчестер јунајтед и се пресели во Арсенал, а во обратен правец замина Алексис Санчез, обајцата немаа добра адаптација во новите средини, па следеше преселба во „Серија А“.

Санчез игра како позајмен во Интер, а со истиот статус е воедно и Мхитарјан, но во тимот на Рома, а самиот Ерменет тврди дека бил принудуван да прави ротации на теренот, а со тоа не бил во можност да го приреди тоа што го знае и умее на теренот.

Тој обрнуваше многу внимание на тактиката, а со тоа мојата улога на теренот постојано се менуваше“ вели Мхитарјан во изјавата за „ФорФорТу“.

Почнував како крило, меѓутоа имав обврски и да ја развивам играта со фудбалерот кој ја спојува одбраната со средниот ред, токму од таа причина бев оневозможен да постигнам многу голови и асистенции“ тврди Ерменецот.

Сакам да играм послободно на теренот, односно да се движам онаму каде што гледам слободен простор за такво нешто, меѓутоа морате да ги почитувате одлуките на тренерот, односно барањата кои тој ќе ви ги посочи да ги исполните на теренот“ заклучи Мхитарјан кој во интервјуто наведе дека не го прифатил фактот што на одредени натпревари бил на клупата за резервни фудбалери.