24фудбал

Бејл повеќе е возбуден кога игра за својата држава отколку за гигантот Реал Мадрид

Велшанецот искрено проговори на една доста актуелна тема, јасен е неговиот статус во Реал Мадрид, но дискутабилен оној на Зидан, кој најпрво го „пречкрта“ од составот, за потоа да тврди дека му е потребен во тимот.

Шпанија

Герет Бејл нема настап за Реал Мадрид уште од повредата во текот на претходната интернационална пауза, меѓутоа повторно се врати на терените и подготвен е за репрезентативните обврски кон Велс.

Офанзивецот не крие дека ужива во игрите за својот национален состав, тој наведува дека се чувствува многу послободен настапувајќи за таа селекција, што индиректно значи дека таквиот статус го нема во тимот на „Кралевите“.

Со Велс, јас го говорам мојот јазик, се чувствувам многу послободен“ рече Бејл за време на пресконференцијата во пресрет на мечот против Азербејџан.

Дефинитивно повеќе сум возбуден кога играм за Велс, бев со многу фудбалери во овој тим, посебно со оние постарите, од периодот кога настапувавме за селекцијата У-17“ додаде тој.

Тоа е како да играте со своите другари во паркот во недела, како и да е, ништо не менува во однос на тоа што го прикажувам на терените, секогаш давам 100% од себе каде и да настапувам, секогаш се водам според тоа правило“ заклучи Велшанецот.