24фудбал

Историски пласман за Финска на Европските првенства и Шведска си ја заврши работата (ВИДЕО)

Финска со 3-0 го победи Лихтенштајн и обезбеди прво, историско учество на Европските првенства, Шведска во директен дуел ја совлада Романија па и таа се пласира.

ЕВРО 2020

Финска слави историски успех, за прв пат оваа земја ќе игра на Европско фудбалско првенство. 

Томинен еднаш и два пати Пуки погодија за победа над Лихтенштајн од 3-0.

Пред почетокот на дуелот меѓу Романија и Шведска, Швеѓаните беа на втората позиција со  само бод предност пред Романците кои ако победеа ќе ги задржеа шансите, но тоа не се случи.

Шведска со головите на Берг и Кваисон во првото полувреме го доби дуелот со 2-0 и го завери пласманот на Европското првенство.

Италија која веќе беше пласирана, во меч кој немаше резултатско значење победи кај БиХ во Зеница со 3-0. Ачерби, Инсиње и Белоти беа стрелците за азурите.

Шпанија со 7-0 ја прегази Малта, Санти Казорла кој голем дел од кариерата се мачеше со повреди, постигна гол за репрезентацијата прв пат по 2015 година. Останатите пет гола беа дело на Мората, Торес, Сарабиа, Олмо, Морено и Навас.

Швајцарија со гол на Итен во финишот од мечот ја победи Грузија и речиси обезбеди пласман на Европското првенство, тој треба да го завери во последното коло со триумф над Гибралтар кој досега ги загуби сите натпревари.

Данска со 6-0 го победи Гибралтар, во последното коло не смее да загуби од Ирска за да се пласира на континенталниот собир.

Во останатите денешни мечеви Норвешка со 4-0 ги победи Фарските Острови, Грција со 1-0 триумфираше на гостувањето во Ерменија.