24фудбал

Меси му рече на бразилскиот селектор да замолкне (ВИДЕО)

Со гол на Меси, Аргентина го победи Бразил со 1-0 во пријателски натпревар, а ѕвездата на Барса имаше и контроверзен момент на мечот.

Јужна Америка

Камерите го уловија Меси како разменува некој збор со селекторот на Бразил, Тите и му вели да замолчи.

По мечот Тите го потврди инцидентот, рече дека се жалел на судењето и со Меси размениле неколку зборови.

„Се жалев бидејќи Меси заслужи да добие жолт картон. Потоа тој ми рече да замолкнам, му реков и јас. И тоа беше тоа“, изјави Тите.