24фудбал

Манчестер јунајтед со 200 милиони ќе прави страшна офанзива во јануари, вака може да изгледа новиот напад на „ѓаволите“ (ФОТО)

Медиумите од Англија пишуваат за огромна инвестиција на Манчестер јунајтед во зимскиот преоден рок, „ѓаволите“ се подготвени да потрошат 200 милиони фунти за ангажман на Ерлинг Браут Халанд и Џејдон Санчо.

Англија

Доколку се остварат последните најави на весниците од „островото“, Манчестер јунајтед ќе има страшна офанзива во иднина, составена од млади, брзи и пробивни фудбалери.

„Ѓаволите“ во зимскиот преоден рок планираат да ги ангажираат Ерлинг Браут Халанд и Џејдон Санчо. Норвежанецот и Англичанецот блескаат во РБ Салцбург, односно Борусија Дортмунд и се на мета на многу гиганти. За да ја победи конкуренцијата, клубот од Олд Трафорд е подготвен да инвестира 200 милиони фунти.

Двајцата играчи, кои имаат по 19 години, се приоритет на Оле Гунар Солшер и Манчестер јунајтед нема да штеди за да креира тим во кој головите сигурно ќе бидат загарантирани.