24фудбал

Ибрахимовиќ сака да стане вториот најплатен фудбалер во Калчото, за да се врати во Серија А бара ЕДЕН милион евра месечно!

Медиумите од Италија пренесуваат дека Златан Ибрахимовиќ ја одредил платата која ја бара за во јануари да се врати во Италија, Швеѓанецот бара еден милион евра месечно.

Италија

Напаѓачот оваа недела соошти дека става крај на авантурата во ЛА Галакси и се верува дека негова желба е враќање во Серија А каде неколку тимови пројавуваат интерес за неговите услуги.

Милан, Рома, Болоња, Наполи и Фиорентина се посочуваат како можни дестинации, но за да го ангажираат, ќе треба да бркнат длабоко во џебот.

Според пишувањата на Ла Република, Златан Ибрахимовиќ сака да стане вториот најплатен фудбалер во Калчото и бара ЕДЕН милион евра месечно.

„Росонерите“ се посочуваат како клубот кој најсериозно загризал и се подготвени да му понудат на Швеѓанецот 4 милиони евра за шест месеци. Милан се надева дека Ибра ќе ги намали барањата и ќе прифати по втор пат да го облече нивниот дрес.