24фудбал

Интер мораше да се огласи откако сопругата на Конте бурно реагираше на социјалните мрежи

„Нероаѕурите“ испратија соопштение откако сопругата на Антонио Конте бурно реагираше на социјалните мрежи по веста дека стратегот добил куршум во коверт, Интер појасни дека заканата пристигнала во канцелариите на клубот а не лично дома кај тренерот.

Италија

Утрово голем број на весници од Италија објавија дека Антонио Конте е под плициска заштита откако добил куршум во коверт и заканувачко писмо.

Ваквите стории предизвикаа бурна реакција од сопругата на стратегот, која на социјалните мрежи посочи дека нема вистина во ова.

„Приказната за куршумот е лага. Во Италија, навистина станавме лоши во комуникацијата. Ми се чини дека луѓето кога ќе станат наутро, веднаш измислуваат нешто и го објавуваат без притоа да помислат на последиците!“ – напиша Елисабета Мускарело на Фејсбук.

Постот беше причина за да се огласи Интер, „нероаѕурите“ појаснија дека заканата пристигнала во клупските канцеларии а не на домашна адреса.

„Во врска со сториите кои беа објавени денеска, Интер сака да појасни дека Антонио Конте лично не доби заканувачко писмо, и како последица на ова, самиот тој не појде во полиција. Клубот го доби писмото и како што налага протоколот во вакви ситуации, ние ги известивме службите кои се надлежни за ова“ – се вели во известувањето.