24фудбал

Австрија ги реши сите дилеми против подмладената Македонија, Стојановски дебитираше со гол (ВИДЕО)

Австрија обезбеди пласман на ЕВРО 2020 откако вечерва со 2-1 ја совлада Македонија, Влатко Стојановски дебитираше за репрезентацијата со гол и го поправи впечатокот.

Македонија

Македонија и математички нема шанси за ЕВРО 2020 преку квалификациите, и шансата за историски пласман на континенталниот собир ќе бркаме преку баражот на Лигата на нации. Вечерва Австрија ги реши сите дилеми откако славеше со 2-1 против подмладениот тим на „црвено-жолтите“.

Игор Ангеловски направи големи измени за дуелот со Австрија, шанса даде на неколку млади играчи, па невоиграноста беше голем проблем на стартот од мечот. Токму едно невнимание во одбраната беше искористено од Давид Алаба, кој го помина Димитриевски и реализираше за 1-0 во 8. минута.

Домаќините потоа имаа уште неколку шанси благодарејќи на лошата поставеност на последниот ред, но неа беа спретни во завршницата. Како одминуваше времето, нашите репрезентативци имаа се поголема самодоверба и во финишот на првиот дел беа креирани две убави акции но за жал изостана завршен шут.

На стартот од вториот дел, Австрија зголеми на 2-0 по една мешаница од корнер и тука веќе беа решени сите дилеми. Но тоа не ги спречи фудбалерите на Македонија да покажат дека имаат што да понуда, Енис Барди си ја проба среќата и од корнер директно биеше на првата статива, но Шлагер беше на вистината на задачата. Влатко Стојановски не искористи две одлични шанси, во првата биеше крај стативата а во втората му одбрани Шлагер.

Сепак, третата среќа го поска напаѓачот на Ним кој во последните секунди од мечот погоди со глава од прекин за да го поправи впечатокот, го постигна деби голот во дресот на репрезентацијата и ги постави конечните 2-1.