24фудбал

Роналдо како Ремзи му „украде“ деби гол на Жота, Португалија оди на ЕП, Србија ќе бара шанса преку бараж (ВИДЕО)

Португалија го потврди настапот на континенталниот собир откако попладнево со 0-2 триумфираше на гостувањето кај Луксембург, Србија својата шанса за Европското првенство ќе ја бара преку бараж во Лигата на нации.

ЕВРО 2020

Познат уште еден патник на завршницата од ЕВРО 2020, Португалија денеска обезбеди пласман на континенталниот собир. Актуелниот шампион триумфираше со 0-2 на гостувањето кај Луксембург и ги реши сите дилеми.

На прилично лош терен за игра, Бруно Фернандеш погоди пред крајот на првиот дел, а во последните мигови од мечот, Кристијано Роналдо на гол-линијата ја удри топката за голот број 99 во националниот дрес и ги потврди трите бода.

На вториот меч од оваа група, Србија во два наврати водеше против Украина но на крајот мечот заврши 2-2, На домаќините ниту победа не им значеше ништо со оглед на резултатот во Луксембург, па тие својата шанса за Европското првенство ќе ја бараат преку бараж во Лигата на нации.