24фудбал

Роналдо го прекина молкот и проговори за измената на Сари

Кристијано Роналдо конечно се огласи на темата која беше главна во изминатиот период, моментот кога беше заменет од Маурицио Сари а тоа не му се допадна.

Италија

На мечот со Милан, Сари го извади Роналдо во 55. минута а тој нервозно го напушти теренот, дури и стадионот.

Сари велеше дека во последните натпревари Роналдо не игра комплетно фит и затоа го вади. По мечот со Луксембург тоа го потврди и Португалецот.

Во последните три недели бев лимитиран. Сите знаат дека не сакам да бидам заменуван, но нема проблем во мојата гестикулација по замената. Се обидов да му помогнам на Јувентус играјќи повреден“, вели Роналдо.

„Никој не сака да биде заминуван, но го разбирам тоа, тоа беше бидејќи не бев добар на тие два натпревари. Не бев 100 проценти подготвен“.