24фудбал

Интер е подготвен да плати богатство за Кулушевски

Фудбалерот со македонско потекло, Дејан Кулушевски е на цена во Италија, гигантите се интересираат за него, а Интер е подготвен да одвои најмногу.

Италија

Кулушевски блеска оваа сезона во дресот на Парма, а според италијанските медиуми гигантите како Интер, Милан и Јувентус се интересираат за неговиот потпис.

Интер предничи во трката за Кулушевски бидејќи е подготвен за него да одвои дури 40 милиони евра.

19-годишниот Кулушевски има настапи за младинските селекции на Македонија, но се реши да игра за сениорската репрезентација на Шведска.