24фудбал

Оби Микел: Азар е најмрзливиот фудбалер со кој сум играл

Поранешниот играч на Челси, Џон Оби Микел вели дека на Азар не му се тренирало многу, но секој на теренот знае да биде играч на натпреварот.

Англија

Ако се прашувате зошто Азар во Реал Мадрид пристигна со прекумерна тежина, одговорот ќе ви го даде Џон Оби Микел.

Според неговата изјава Еден Азар не е многу по тренирањето, па веројатно затоа и не ја одржал физичката подготвеност за време на паузата меѓу сезоните.

„Најмрзливиот фудбалер со кој сум играл е Еден Азар. Тој не сакаше да тренира напорно. Додека ние работевме тој секогаш не чекаше да го завршиме тренингот само стоејќи таму. Но во неделите секогаш беше играч на натпреварот, неверојатно“, изјави Оби Микел за „Беин спорт“.