24фудбал

Пандев: Сакаме да победиме и да завршиме на третото место

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев вели дека третото место во групата ќе биде успех за селекцијата, а за тоа да се случи потребна е победа против Израел.

Македонија

Ако Македонија го победи Израел, а Словенија загуби на гостувањето кај Полска, квалификациите ќе ги завршиме на третата позиција поради подобриот меѓусебен скор со Словенците.

Третото место ќе биде најдоброто на кое Македонија завршила во квалификации, токму тоа го сака капитенот Пандев.

„Сакаме да го победиме овој последен меч од квалификациите и да се пласираме таму каде што никогаш не сме биле досега. Сакаме да го освоиме третото место“, вели Горан Пандев на денешната прес конференција.

„Игравме во една неатрактивна но тешка група и потфрливме само против Австрија во Скопје. Можеби можевме да освоиме и повеќе бодови, но одлучуваа нијанси“.

„Не успеавме да дојдеме до посакуваното второто место за пласман на Европското првенство, па сега целиме кон третата позиција која би била добар резултат за нас“.

Фото: ФФМ