24фудбал

Какви се шансите Пеп Гвардиола да се врати во Баерн Минхен

Пеп Гвардиола се поврзува со враќање во Баерн Минхен, но ако се суди според зборовите на неговиот агент, минимални се шансите тоа да се случи.

Германија

Откако му врачи отказ на Нико Ковач, Баерн Минхен е во потрага по нов тренер. Неколку имиња се поврзуваат со германскиот гигант, а како една од опциите се споменува и враќање на Пеп Гвардиола.

Но се чини дека шанси тоа да се случи нема и опцијата Пеп повторно да биде тренер на Баерн Минхен треба да се исклучи.

„Минатата среда зборував со Пеп и се е исто, тој е чувствува добро во Манчестер Сити и во градот Манчестер, а неговиот договор трае до 30 јуни 2021 година“, изјави Хозеп Марија Оробиг, агентот на Гвардиола.

Гвардиола никогаш не поминал повеќе од четири години во еден клуб, но ако го испочитува договорот со Манчестер Сити тоа ќе биде клубот каде што се задржал најмногу.