Категорија: Останато 18.11.2019 17:42
Французинот синоќа беше гостин на Раи 2 и ја промовираше својата книга „The King is Naked“. Мишел Платини ја искористи оваа прилика да даде коментар за видео технологијата која се повеќе се употребува во фудбалот.
„ВАР не решава проблеми, креира нови. Ќе ми требаат 30 минути да ви објаснам што не чини и зошто не сум фан на видео технологијата. Мислам дека ВАР е прекрасно ср*ње. За жал веќе нема назад“ - вели Мишел Платини.