24фудбал

Роналдо ќе го брка и учинокот на Али Даеи: Ќе го срушам и тој рекорд!

Кристијано Роналдо го постигна и 99. гол за репрезентацијата на Португалија, не му фалат уште многу за да биде најдобриот стрелец на една национална селекција.

Останато

Лесниот гол против Луксембург беше 99. за Кристијано Роналдо во репрезентацијата на Португалија.

Роналдо сега има само десет гола помалку од легендата на Иран, Али Даеи кој е најдобар стрелец за една национална селекција.

„Сите рекорди мора да бидат срушени и ќе го срушам и тој рекорд“, изјавил Роналдо по мечот со Луксембург.