24фудбал

Можно е одложување на мечот меѓу Фарски Острови и Македонија, теренот е замрзнат! (ФОТО)

Квалификацискиот натпревар меѓу Фарските Острови и Македонија за фудбалери до 21 година може да биде одложен порази замрзнат терен.

Македонија

Натпреварот меѓу Фарски Острови и Македонија кој треба да се игра утре можно е и да не започне.

Теренот на стадионот на кој треба да се игра мечот е замрзнат. Утре во 10:00 часот, судиите и делегатот ќе извршат инспекција на теренот и на официјален состанок ќе информираат дали има услови да се игра или мечот ќе биде одложен.

Репрезентацијата на Македонија сабајле имала 40 минутен тренинг, на мал дел од теренот кој не бил многу замрзнат.