24фудбал

По Тите, Меси се закачна и со Кавани, Уругваецот го предизвика на тепачка, Аргентинецот одоговри: Кога сакаш! (ВИДЕО)

Лео Меси не седеше мирен и на мечот со Уругвај, напаѓачот имаше вербална расправија со Единсон Кавани, фудбалерот на ПСЖ го предизвика на тепачка а Аргентинецот храбро одговори „Кога сакаш“.

Останато

Лео Меси ретко ги губи нервите на теренот, но во последните неколку дена во два наврати му се случи ова. Тој против Бразил имаше вербална конфротација со селекторот на „кариоките“, Тите а денеска против Уругвај се закачна и со Единсон Кавани.

Пред крајот на првиот дел, двајцата играчи имаа што да си кажат, Годин и Суарез се обидуваа да ги смират страстите, но Меси и Кавани продолжија да си дофрлаат и кога се раздвоија.

Фудбалерот на ПСЖ го предизвика Аргентинецот на тепачка, а ѕвездаа на Барса храбро одговори, „Кога сакаш“.