24фудбал

„Сан“: Манчестер јунајтед и Арсенал тргнуваат по Кулушевски

Со синоќешното деби во сениорскиот состав на Шведска, Македонија дефинитивно го загуби големиот талент од „Серија А“, а освен интересот од Интер за што медиумите во Италија известуваат извесен период, за него има сериозен интерес и од Премиерлигата.

Англија

Манчестер јунајтед и Арсенал влегоа во војна за потписот на 19 годишниот Дејан Кулушевски, кој во новата сезона бележи фантастични изданија во дресот на Парма каде настапува како позајмен од редовите на  Аталанта.

Според информациите кои ги објави „Сан“, се вели дека шефот на стручниот штаб на „Црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солшер го вметнал фудбалерот од средниот ред на листата на потенцијални засилувања за тимот од „Олд Трафорд“ успешно да се избори за место во Лигата на шампионите идната сезона.

Кулушевски објасни како дознал за повикот од Шведска

Со Манчестер јунајтед истовремено се поврзуваат и напаѓачот на Салцбург, Ерлинг Халанд, како и Герет Бејл од Реал Мадрид, односно Џејмс Мадисон од Лестер.

Меѓутоа Манчестер јунајтед не е единствената екипа од Премиерлигата која е загреана за потписот на Кулушевски, интерес има и од Унаи Емери, предводникот на Арсенал кој веќе дал зелено светло во клубот за потенцијален трансфер на младиот фудбалер.

Постојат проблеми во тимот на Емери, посебно во средниот ред, особено по случувањата со Гранит Џака за кого се очекува дека уште во јануарскиот преоден рок ќе си замине од клубот, па така Кулушевски е наведен како одлично „освежување“ во тимот.

Кулушевски на 13 настапи за Парма досега постигна два погодоци во „Серија А“, но, исто така запиша и дури пет асистенции што за кратко го привлече вниманието на повеќето европски гиганти, извесен период во Италија пишуваат за големиот интерес од страна на Интер.

Креативната способност на Кулушевски, а дополнително и неговата максимална посветена работа ги убеди Солшер и Емери да го таргетираат фудбалеротпишува „Сан“, а во насловот наведува дека се работи за кого би можело да се издвојат 40 милиони фунти.

Што се однесува до репрезентативната кариера на Кулушевски, тој настапуваше во нашиот национален состав за фудбалери до 17 години, во таа категорија имаше импресивни изданија и на пет настапи успеа да запише шест погодоци, меѓутоа потоа се предомисли и го облече дресот на Шведска во помладите категории, а синоќа запиша настап за нивните сениори.