24фудбал

Часовникот отчукува за Покетино, Тотнем бара нов тренер, две имиња се одвојуваат од другите

Неколку весници од „островото“ пренесоа дека Маурисио Покетино е на излезни врати и само прашање на време е кога тој ќе го напушти Тотнем, „спарси“ веќе имаат листа со желби и на врвот се Јулијан Нагелсман и Еди Хау.

Англија

Тотнем очајно ја стартуваше сезоната во Премиерлигата, нема победа од крајот на септември и во моментов е на 14. позиција на табелата со 20 бода заостанување зад лидерот Ливерпул.

Неколку весници од „островото“ денеска пренесоа дека паузата за репрезентативни натпревари во Северен Лондон била искористена за серија состаноци. Маурицио Покетино имал средби со првиот човек на клубот Данеил Леви на кои се разговарало за ситуацијата и правецот во кој се движат „спарси“.

Индипендет, Дејли Мејл, Телеграф и Тајмс пишуваат дека часовникот отчукува за Маурисио Покетино и само прашње на време е кога тој ќе го напушти Тотнем. Посредници веќе почнале да работат на ангажман на нов тренер и на врвот на листата со желби се двајца млади стратези како Јулијан Нагелсман од РБ Лајпциг и Еди Хау од Борнмут.

Пораз од Вест Хем во сабота не мора да значи отказ, но ќе ги добложи двете страни до разделба. Проблем за „спарси“ е тоа што доколку сега му врачат отказ на Аргентинецот ќе треба да му платат обесштетување помеѓу 12 и 18 милиони фунти.

Исто така, ќе биде тешко сред сезона да се донесат Нагелсман или Хау, двајцата имаат договор и ќе треба да биде платено „солено“ обесштетување за нивната слобода.

Други опции се Макс Алегри и Жозе Мурињо, кои се без работа, а Карло Анчелоти исто така би можел да се најде на пазарот по случувањта во Наполи.