24фудбал

Официјално: По пет месеци Луис Енрике се врати на селекторската позиција на Шпанија

Луис Енрике е реименуван за селектор на Шпанија, пет месеци откако си поднесе оставка поради лични причини.

Шпанија

Енрике во јуни се повлече од селекторската позиција во Шпанија поради сериозната болест на неговата ќерка која во август почина од рак на коска.

Тогаш на негово место беше поставен Роберт Морено кој успешно го замени и ја пласираше Шпанија на Европското првенство.

По синоќешниот дуел меѓу Шпанија и Романија шпанските медиуми објавија за новата селекторска смена, а сега таа и официјално е потврдена.

Од Шпанската фудбалска федерација информираа дека Луис Енрике се враќа на селекторската позиција.