24фудбал

Мечот помеѓу Фарски Острови и Македонија е одложен, новиот термин е во јуни догодина

Младата репрезентација на Македонија денеска нема да ги одмери силите со Фарски Острови, мечот во Торшавн е одложен поради замрзнатиот терен и одреден е нов термин во јуни догодина.

Македонија

„Црвено-жолтите“ во рамките на 5. коло од квалификациите за Европското првенство денеска гостуваа кај Фарски Острови, но уште вчера пристигна информација дека мечот е под голем знак прашалник.

Проблем беа лошите услови и замрзнатиот терен. Утрово делегатот и луѓето од УЕФА направија нова инспекција, констактирале дека нема услови за фудбал па натпреварот мораше да биде одложен.

Новиот термин за дуелот е јуни следната година, тогаш има простор да се вметне мечот. Со ова, младата репрезентација на Македонија ја завршува 2019 со две победи, реми и пораз од актуелниот шампион Шпанија. „Црвената фурија“ е главен кандидат за првото место во групата, а ибраниците на Благоја Милевски шанса за пласман на Европското првенство ќе бараат како најдобро второпласирана репрезенација, клучен ќе биде двомечот со Израел во март.