24фудбал

Македонија доби помош од Англија, надежите ќе играат во елитната рунда квалификации за ЕП

Репрезентацијата на Македонија до 19 години ќе игра елитна рунда квалификации за Европското првенство, „црвено-жолтите“ попладнево го совладаа Луксембург со 3-0 а добија и помош од Англија.

Македонија

Надежите се изборија за настап во елитната рунда од квалификациите за ЕП и покрај тоа што беа во незавидна ситуација во пресрет на последното коло. Попладнево ја забележаа првата победа на турнирот во Скопје и го совладаа Луксембург со 3-0, а за второто место на табелата „црвено-жолтите“ помош добија и од Англија.

Македонија лошо го отвори мечот, Луксембург имаше неколку добри шанси, но откако го преживеавме овој период, Тошевски погоди за 1-0 во 44. минута од мечот, а во судиското надополнување на првиот дел Воша реализираше за 2-0.

Ви продолжението од мечот, директот беше наш сојузник, за потоа Мурати да стрела за 3-0. Коцките се наместија откако Англија со два гола за две минути стигна до триумф против БиХ од 4-1.

Па Македонија поради подобра гол разлика (3-5) се најде на второто место во групата со четири бода, а Босна исто така со четири бода (гол разлика 2-4) го завзеде третото место. Англија е прва со максимален учинок и девет бода, додека пак Луксембург со три порази е последен.

ФОТО: ffm.mk