24фудбал

Бонучи стави потпис на нов договор со Јувентус и ја доби платата од Милан

Леонардо Бонучи и Јувентус ја продолжија соработката, дефанзивецот попладнево стави потпис на нов договор со трајност до 30. јуни 2024, медиумите пишуваат дека платата во идна ќе му биде 7,5 милиони евра.

Италија

Италијанецот во 2017 го напушти Јувентус и направи трансфер во Милан, но по само 12 месеци на Сан Сиро се врати во Торино и се обврза кон „бјанконерите“ до 2023.

Во отсуство на повредениот Џорџо Кјелини, Леонардо Бонучи ја доби капитенската лента, а сега доби и нов побогат договор со трајност до 2024. Според пишувањата на медиумите, тој ќе заработува 7,5 милиони евра по сезона, колку што му беше платата во Милан.

Одредени медиуми пак пишуваат дека покачувањето не е толку големо, и тој наместо сегашните 5,5 милиони евра, ќе заработува 6 милиони евра плус бонуси.