24фудбал

Официјално: Тотнем му врачи отказ на Покетино!

Лошите резултати оваа сезона му пресудија на Маурисио Покетино, раководството на Тотнем му врачи отказ на аргентинскиот стратег.

Англија

Иако минатата сезона испиша историја на клубот откако ги однесе во финалето од Лигата на шампионите, и во четири од пет сезони завршуваше во топ четири во Премиерлигата, раководството на Тотнем реши да му даде отказ на Покетино.

Тотнем оваа сезона имаат разочарувачки резултати, остварија само пет победи, претседателот Даниел Леви не покажа трпение и се реши за промена. 

„Ова не беше лесна одлука на бордот, ниту избрзана. Но резултатите од финишот на минатата сезона и почетокот на оваа беа екстремно лоши. Работа на бордот е да носи тешки одлуки, и оваа е една таква. Со Маурицио и со неговиот стручен штаб имавме незаборавни моменти, но одлуката ја донесовме во интерес на клубот“, се вели во соопштението на Тотнем.

Покрај Покетино, од клубот си заминуваат и неговите помошници Хесус Перез, Мигуел Д'Агостино и Антони Хименез.