24фудбал

Мурињо ќе биде нов тренер на Тотнем

Жозе Мурињо и Тотнем се во преговори кои според англиските медиуми ќе имаат позитивен исход и Португалецот веднаш ќе го преземе кормилото од Покетино.

Англија

Тотнем му врачи отказ на Покетино поради слабите резултати, а негов наследник треба да биде Жозе Мурињо.

„Скај Спортс“ објавува дека двете страни се во преговори кои се очекува да завршат успешно уште денеска.

Неговото враќање во Премиерлигата ќе биде престојниот викенд на дуелот меѓу Тотнем и Вест Хем кој се игра во сабота.

Мурињо е без работа од минатиот декември кога доби отказ од Манчестер јунајтед.

Обложувалниците прогнозираа дека тренерот на Ред Бул Лајпциг, Нагелсман е главен фавотир за клупата на Тотнем, но тоа нема да се случи.

Се очекува Мурињо денеска и официјално да биде промовиран во новиот предводник на Спарс.

Мурињо важи за тренер кој носи трофеи, а токму тоа му недостасува на Тотнем. Последната титула ја имаат освоено пред 11 години, трофеј во Лига Купот.