24фудбал

Официјално: Жозе Мурињо е нов тренер на Тотнем

Жозе Мурињо се врати, по отказот на Маурисио Покетино тој експересно е именуван за нов тренер на Тотнем.

Англија

Откако синоќа му врачи отказ на Маурисио Покетино, раководството на клубот од Северен Лондон утринава го именува Мурињо за нов тренер.

„Со задоволство можеме да соопштиме дека Жозе Мурињо го назначуваме за главен тренер со договор до крајот на сезоната 2022/23“, стои во соопштението на клубот.

„Во Жозе имаме еден од најуспешните тренери во фудбалот. Тој има огромно искуство, може да инспирира тимови и е голем тактичар. Освојувал титули со секој клуб кој го тренирал. Веруваме дека ќе внесе енергија и верба во нашата соблекувална“, изјави претседателот на клубот, Даниел Леви.

„Возбуден сум што доаѓам во клуб со така големо наследство и така пасионирани навивачи. Квалитетот и на составот и на академијата ме возбудува. Работата со овие фудбалери ме привлече да дојдам“,  изјави Мурињо.

Се чини дека Португалецот чекаше Арсенал да му врачи отказ на Емери, но откако виде дека таму работите не се менуваат, ја грабна шансата која му се пружи и стана тренер на најголемиот ривал на топчиите, Тотнем.