24фудбал

Обид за киднапирање на фудбалер на Фиорентина во Белград, им избегал кога го ставале во гепек

Засега се непознати мотивите околу желбата на двајцата млади лица да го киднапираат репрезентативецот на Србија за фудбалери до 21 година, тој пак, цела ноќ ја мина во полициска станица објаснувајќи го случајот.

Останато

Според информациите кои ги објави „Телеграф“, се вели дека 20 годишниот фудбалер на Фиорентина, Србинот Алекса Терзиќ изминатата ноќ преживеал драма откако имало обид за негово киднапирање од двајца сторители, кои наводно и се познати на полицијата.

Драмата се случувала во Белград, а полицијата веднаш го уапсила двоецот млади лица кои се обиделе да го киднапираат Терзиќ кој инаку изминатото лето направи трансфер од Црвена звезда во италијанскиот прволигаш за 1,5 милиони евра.

Мотивите засега се непознати, а во записникот од случајот наведено е дека автомобил марка „АУДИ“ удрил во автомобилот на фудбалерот „БМВ“, во кое тој бил сам.

„Блиц“ извести дека двајцата млади лица се обиделе да го внесат Терзиќ во гепек, меѓутоа тој за момент успеал да ги совлада и да им побегне.

Веднаш потоа обајцата го земале неговиот автомобил, а брзо потоа биле уапсени од страна на полицијата, а фудбалерот изминатата ноќ ја минал во полициска станица.