24фудбал

Славјето на Бејл со репрезентацијата на Велс кое наиде на бурни реакции во Мадрид (ВИДЕО)

Во Мадрид прерано го „отпишаа“, за потоа Зидан целосно да го промени својот став кон Велшанецот посочувајќи дека му е потребен за оваа сезона, меѓутоа Бејл ги дочека своите пет минути и возврати во голема мера.

Шпанија

„Првото нешто на што тој мисли е Велс, потоа голф, а дури потоа и Реал Мадрид“, напиша екс членот на Реал Мадрид, Предраг Мијатовиќ во колумна за „АС“, а набрзо следеше и изјава на самиот Бејл кој посочи дека повеќе задоволство кај него има во дресот на својот национален состав.

Велс избори место на претстојното Европско првенство идната година, а бурни реакции кај навивачите на Реал Мадрид има поради начинот на кој Герет Бејл го прослави успехот на својата репрезентација.

„Кралскиот клуб“ на некој начин е истролан во оваа прослава, откако сиот состав на Велс вееше знаме на својата држава, а на истото имаше натпис: Велс, голф, Реал Мадрид“, алудирајќи на честите критики на адреса на Бејл за редослед по приоритет кај фудбалерот.


30 годишниот Бејл нема настап за „Кралевите“ од 5 октомври, а неговото појавување во составот на Велс беше изненадување за многумина, „Чудо во Велс“, напиша шпанскиот весник „Марка“ пренесувајќи ја веста дека Бејл тренира со својот национален тим.