24фудбал

Кејн со емотивно писмо се раздели со Покетино (ФОТО)

Англискиот напаѓач се огласи со писмо на социјалните мрежи по отказот на неговиот тренер со кого имаа предобра соработка, за што и самиот потврдува во својата објава.

Англија

Хари Кејн и Маурицио Покетино се разделија, аргентинскиот фудбалски стратег доби отказ од Тотнем, а тоа наиде на бурни реакции од фановите на клубот, кои на социјалните мрежи не се штедеа со критики до клубот, наведувајќи дека тоа е најголемата погрешна одлука во историјата досега.

Покетино ќе биде заменет од страна на Жозе Мурињо, а португалскиот фудбалски стратег веќе потпиша три ипол годишен договор со Тотнем, во меѓувреме, ѕвездите на Спарси кои имаа одлична соработка со Покетино веќе се збогуваа со својот омилен тренер, Хари Кејн не криеше за тоа каков е неговиот однос со неговиот довчерашен тренер па упати емотивно писмо на социјалните мрежи.

Шеф. Засекогаш ќе ти бидам благодарен за тоа што ми помогна да ги остварам моите соништа. Имавме некои неверојатни моменти во изминатите пет ипол години кои јас никогаш нема да ги заборавам. Ти ми беше тренер, но исто така и пријател, ти благодарам за односот. Ти посакувам среќа во новото поглавје“ напиша напаѓачот.