24фудбал

Може ли да се случи нова бомба и Покетино да го превзеде кормилото на Арсенал?!

Поранешниот тренер на Тотнем, Хари Реднап вели дека Арсенал ќе биде еден од клубовите за кои веста за отказот на Маурисио Покетино е добредојдена и го гледа Аргентинецот како можен наследник на Унаи Емери.

Англија

Маурсио Покетино доцна синоќа доби отказ, и на негово место утрово беше назначен Жозе Мурињо. Според Хари Реднап, оваа вест е лоша за неколку тренери, но во исто време добредојдена за неколку клубови од Премиерлигата. Поранешниот тренер на Тотнем на листата го смести лутиот градски ривал Арсенал, и смета дека Аргентинецот може да биде наследник на Унаи Емери.

„Еден или двајца тренери од Премиерлигата утрово кога се разбудиле и ги прочитале вестите за заминување на Маурисио Покетино сигурно не биле среќни. Во исто време, еден или двајца претседатели ќе бидат прилично возбудени и ќе се прашуваат дали можат да го ангажираат“ – вели Реднап.

„Има клубови од Лондон на кои им оди многу лошо, зошто да не го видиме во Арсенал доколку тој сака? Дали мислите дека навивачите на Арсенал нема да го сакаат?“

„Па тие би му се радувале и на Садам Хусеин доколку тој дојде и почне да им носи победи. Навивачите ги заболе кој е тренер! Доколку победувате секоја недела, тие ќе почнат да пеат„има само еден Садам“. Се случуваат вакви работи во фудбалот, Сол Кемпбел премина од Тотнем во Арсенал, Џорџ Грахам го стори истото, Тери Нил исто така. Дури и Пат Џенингс, еден од најдобрите голмани во историјата направи ваква промена“.

„Зошто да не се случи и со Покетино? Сигурен сум дека раководството на Арсенал внимателно ја следи ситуацијата на Покетино и се прашува, „дали би можле?““.