24фудбал

Бербатов го нарече Бејл глупчо и порача: Ако толку не му чини во Мадрид, зошто ни си оди?

Димитар Бербатов го прокоментира знамето со кое Герет Бејл посочи дека Реал Мадрид му е последен приоритет, вели дека немало потреба од ваков гест и прашува зошто Велшанецот не си замине чим не му чини на Сантијаго Бернабеу.

Шпанија

Нова епизода од сагата на Герет Бејл во Реал Мадрид. Напаѓачот минатото лето беше на излезни врати, потоа ги испегла недоразбирањата со Зинедин Зидан за одново да влезе во конфликт. Синоќа, по триумфот над Унгарија и пласманот на Велс на Европското пренство, Герет Бејл славеше со знаме на кое пишуваше „Велс, голф, Мадрид... По тој редослед“.

Ова ги налути навивачите на Реал, а критика испрати и Димитар Бербатов кој една сезона ја делеше соблекувалната со Герет Бејл во Тотнем.

„Очигледно е дека има одредена тензија помеѓу Герет Бејл и Мадрид. Секако, тој е Велшанец и на прво место ќе ја стави сопствената земја, но не знам зошто требаше да слави со тоа знаме, знам дека до некаде е шега, но привлекува внимание кое не го сакате. Не му требаше тоа. Одлуката е негова, и можеби чувствува дека треба да покаже нешто такво, но според мене немаше потреба. Можеби беше емотивен момент или пак не знаеше што точно пишува на знамето, но во секој случај не изгледаше убаво и беше глупаво. Тој е квалитетен играч, и навистина не добива добар третман во Шпанија. Но треба да се запрашате, дококу не ве третираат онака како што треба, зошто се уште сте таму? Доколку сте доволно добар, секој тим во светот ќе ве бара и повторно ќе играте фудбал“ – напиша Димитар Баербатов во својата колумна за Бетфер.