24фудбал

Милан ја имаше првата средба со Рајола, почнаа преговорите за Ибрахимовиќ

Милан ги отворил преговорите со Златан Ибрахимовиќ за негово враќање на Сан Сиро, челниците на клубот имале разговор со неговиот агент.

Италија

„Скај Спортс Италија“ тврди дека претставници на Милан се сретнале со Мино Рајло на дискусија за ангажман на Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот ќе си замине од ЛА Галакси во декември кога истекува неговиот договор и во јануари ќе облече нов дрес.

И покрај тоа што барањата на Ибра се високи, Милан е подготвен да му понуди 18 месечен договор.

38-годишниот фудбалер постигна 56 голови во 85 натпревари за Милан меѓу 2010 и 2012 година, во првата сезона го освои Скудетото со росоњерите.