24фудбал

ЕСПН: Ново име на листата со желби на Манчестер јунајтед, Сошлер сака да донесе поранешен играч на Манчестер Сити

Според пишувањата на ЕСПН, Манчестер јунајтед има ново име на листата со желби за зимскиот преоден рок, „ѓаволите“ размислуваат за ангажман на Един Џеко од Рома.

Англија

Подолго време се говори дека клубот од Олд Трафорд е во потрага на докажан голгетер и често се пишува за трансфер на Марио Манџукиќ во јануари.

Според пишувањата на ЕСПН, Манчестер јунајтед има ново име на листата со желби и размислува за ангажман на Един Џеко од Рома. Името на Босанецот се нашло пред она на Хрватот со оглед на тоа дека тој има искуство од настапите во Премиерлигата откако претходно го носеше дресот на Манчестер Сити.

Исто така, Един Џеко е во полна натпреварувачка форма и редовно го предводи нападот на „волчицата“ додека пак Марио Манџукиќ е надвор од тимот на Јувентус и со месеци нема одиграно натпревар.