24фудбал

Првиот тренинг на Тотнем под водство на Жозе Мурињо (ВИДЕО)

Жозе Мурињо синоќа беше назначен за нов тренер на Тотнем и веднаш ги засука ракавите, го одржа првиот тренинг со новиот тим.

Англија

Мурињо се врати, Португалецот повторно е дел од Премиерлигата откако синоќа го презема кормилото на Тотнем по отказот кој го доби Покетино.

Уште истиот ден Жозе Мурињо го имаше и првиот тренинг со својот нов тим, а во сабота ќе го има и деби натпреварот, Тотнем од 13:30 часот игра на гостински терен кај Вест Хем во меч од Премиерлигата.

Погледнете како изгледаше првиот тренинг на Мурињо со новиот тим: