24фудбал

„Марка“ во улога на навивач на Реал Мадрид: Со дрва и камења по Бејл на насловната (ФОТО)

Војната од поодамна е почната во шпанскиот гигант, меѓутоа веројатно е дека сето тоа воопшто не допира до Бејл, кому очигледно дека тие провокации не го интересираат.

Шпанија

Герет Бејл подолг период е една од главните теми во Реал Мадрид, ќе потсетиме дека во претсезонските подготовки самиот Зинедин Зидан наведуваше дека Велшанецот не му е потребен, а со тоа практично јасно укажа дека тој треба да си замине од клубот.

Сепак, работите се променија, па Зидан откако увиде дека направи грешка и само си поигра со оган, брзо го промени својот став по тоа прашање и наведе дека Бејл му е потребен сезонава, меѓутоа реакцијата беше задоцнета.

Во меѓувреме Бејл си продолжи по свое, а познат по тоа што е голем љубител на голфот, како и неговото искрено признание дека поголема инспирација и возбуда има во настапите за својот национален тим, на доста интересен начин го прослави пласманот на Европското првенство идната година со Велс.

Велс, Голф, Мадрид“ гласеше натписот на самото знаме на Велс кое го држеа во раце фудбалерите на таа селекција, меѓу кои и самиот Бејл, со што на некој начин „Кралскиот клуб“ беше на мајтап.

Славјето на Бејл со репрезентацијата на Велс кое наиде на бурни реакции во Мадрид (ВИДЕО)

Инаку тој натпис алудира на редоследот на приоритет во кариерата на Бејл, за што фудбалерот постојано добива критика на своја адреса.

Од „Марка“, весник кој важи за мошне близок до Реал Мадрид, веројатно револтирани по тоа што се случи во прославата на селекцијата на Велс, „удрија“ на својата насловна страна по Бејл, со коментар: Без почит. Погрешен. Неблагодарен“.