24фудбал

Обамејанг „купува“ време во преговорите со Арсенал, Габонецот ја чека Барса

Габонецот беше против нов договор во почетната фаза од преговорите, меѓутоа тие се уште траат, а се верува дека самиот тој купува време чекајќи понуда од Барселона, клуб кој од поодамна е во потрага по наследник на Суарез во нападот.

Англија

Пјер-Емерик Обамејанг купува време пред да потпише нов договор со Арсенал, а причината за таквото однесување на Габонецот во преговорите со Арсенал е поради тоа што тој ја чека Барселона да се појави со вистински потег, известува „Спорт“.

30 годишниот напаѓач има важечки договор со Арсенал кој истекува за две години, а наводно е почестен од интересот од Барселона, па така силно верува дека е најдобро да сочека за да увиди дали ќе пристигне поволна понуда до „Топчиите“ за неговите услуги.

Обамејанг ја презеде капитентската лента во Арсенал по случувањата со Гранит Џака чии денови во клубот се веќе изброени, меѓутоа беше критикуван од страна на навивачите на клубот поради неговите конекции со „Арсенал Фан ТВ“, платформа која интервјуира навивачи за да се слушне нивното мислење, а нивните коментари секогаш се без влакна на јазикот, па често и самите фудбалери од тој состав ги иритираше сето тоа.

Уште од летото, Обамејанг почна преговори со Арсенал за нов договор, меѓутоа истите се уште траат, а се верува дека мотивите кај Габонецот што се уште нема резултати по тоа прашање лежат токму во Барселона.

Од поодамна е познато дека во Барселона сериозно ги разгледуваат сите опции на трансфер пазарот во желбата да се пронајдат наследници на Лионел Меси и Луис Суарез, особено за вториот, меѓутоа досега нема резултати.